Пејачката Теа Таировиќ привлекува големо внимание откако се појави на музичката сцена, а сега проговори за непознати детали од нејзиниот живот.
Имено, Теа при посетата на Македонија пред концертот за кој наедно дојде и да го најави, таа гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров, а се присети на раното детство, растењето и кога зачекори на естрадата.
Во текот на разговорот таа откри дека има ромски корени, а потоа ја допре и темата за нејзините родители и нивните професии.
– Мајка ми е вистинска жена Лав, таа е многу доминантна фигура во мојот живот. Таа е ТВ лице и новинар. Работеше на две телевизии, едната беше во Нови Сад, а другата беше во Босна и Херцеговина… Имаше своја авторска емисија, работеше напорно и посветено. Верувам дека беше исклучително тешко, немаше социјални мрежи, се беше многу потешко… – изјави Теа и откри на што е особено горда:
– Можам да се пофалам дека имам едно богатство во крвта што се однесува до мојата етничка припадност. Татко ми има одреден процент ромско потекло и тоа дефинитивно му дава богатство во неговиот талент, а потоа и во мојот. Оваа година во јануари бев на Светскиот бал на Ромите во Скопје и беше прекрасно.
View this post on Instagram
Теа откри и дека кариерата ја градела исклучиво со посветена работа, но и кои се нејзините цели и идни планови.
– Кога ја започнав мојата кариера, од самиот почеток се градеше од уметност, музика, танц… Никогаш не нагласив етничка припадност… Верувам дека како уметник треба да припаѓаш на народот, а не на која било раса или етичка група… Јас сум првиот и единствениот изведувач кој стави 11 балкански знамиња во својот спот за песната „Балканија“… Ако некаде треба да се спомене етничката припадност, верувам дека е исклучиво во служба на ширење љубов – рече пејачката.
фото: Instagram printscreen/ You Tube/ LAZAROV