Радио Милева по 24 години брак

Драгана Мирковиќ соопшти дека се разведува од Тони Бијелиќ: „Три години водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив“

Драгана Мирковиќ соопшти дека се разведува од Тони Бијелиќ: „Три години водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив“

Пејачката Драгана Мирковиќ објави дека се разведува од сопругот Тони Бијелиќ со кој има две деца, синот Марко и ќерката Мануела.

 

„Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денес да и се обратам на целата јавност. „Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод“, започна Драгана.

„Веќе долго време мојот однос со Тони не е како што беше, а во последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, таа празнина стана поголема и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак. Сигурно останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години.“ – стои во соопштението за медиумите од пејачката.

„Поради сето тоа, ова е моето единствено обраќање по овој повод  Им благодарам на медиумите за досегашната соработка и ве замолувам да ја почитувате оваа одлука и да не ја зголемувате тежината на моментот низ кој минува целото наше семејство. Со надеж дека следниот пат ќе ве исконтактирам со многу подобри вести, однапред ви благодарам за разбирањето“, заклучила Драгана Мирковиќ.

фото: printskrin/instagram/dragana_mirkovic

To top