Радио Милева психичка тортура

Брутално претепаната пејачка повторно заврши во болница: Нејзината сестра се огласи и има само едно барање за сите

Брутално претепаната пејачка повторно заврши во болница: Нејзината сестра се огласи и има само едно барање за сите

Познатата пејачка од Босна и Херцеговина, Алдина Бајиќ, неодамна беше брутално претепана од нејзиниот сопруг Адис Цигура.

За ситуацијата да биде уште полоша, на социјалните мрежи се прошири и видео на кое се гледа како тој ја тепа пејачката, поради што на Алдина воопшто не ѝ е добро и повторно заврши во болница, открива нејзината сестра, пренесуваат регионалните медиуми.

„Поздрав до сите. Како сестра на Алдина, сакам да ве замолам да престанете да го споделувате видеото, бидејќи Алдина повторно поминува низ психичка тортура. Сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка што ја давате во моментов, но би ве замолила да престанете да го ширите видеото заради сестра ми – рече таа и продолжи:

„Алдина не е психички добро, особено откако се’ стана јавно. Само што малку се опорави, повторно падна, синоќа заврши во болница. Ви благодарам уште еднаш на сите за огромната поддршка како жена на жена, но повторно ве молам доколку ја имате снимката да не ја објавувате бидејќи Алдина како мајка и жена нема потреба да поминува низ пак истото“.

Алдина при нејзиното прво јавно обраќање по немилиот настан ги замоли сите да ја избришат снимката за да не ја видат нејзините деца. Нејзиниот сопруг, Цигура моментално е во притвор, на кој му е одреден 30-дневен притвор.

Инаку, на снимката која се појави во јавноста наводно се гледа како Алдина седи на каучот во дневната соба, а нејзиниот сопруг клечи до неа. Во еден момент Алдина му го дава телефонот на Адис, а тој почнува силно да ја удира со тупаници по главата, соборувајќи ја на подот, а потоа почнува да ја клоца во главата. После тоа ја фаќа за коса и ја влече по подот.

фото: printscreen/facebook

To top