Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина станаа родители на девојче на кое му го дадоа името Срна.
Како што дознава српки „Блиц“, Катарина се породила и на свет донела девојче, а породувањето поминало во најдобар ред, и мајката и бебето се добро.
Да потсетиме, Катарина Лазиќ беше многу активна во текот на бременоста, па речиси во текот на целата бременост го придружуваше пејачот на неговите настапи, а пред само четири дена беше со него во клуб каде што тој пееше.
View this post on Instagram
Дарко и Катарина тогаш се пошегувале дека таа ќе се породи во кафеана.
– Со себе понесовме работи за болница, за веднаш да можеме да тргнеме, па и на бина да се породи, што сега. Би било ред едно од моите деца да се роди во кафеана. Цел живот сум во кафеана, навистина не би имал ништо против – рекол тогаш пејачот.
Дарко со првата сопруга Ана Севиќ ја има ќерката Лорена, а со поранешната свршеница Марина Гагиќ синот Алексе,додека ова е прво дете на Катарина.
Инаку, Дарко и Катарина пред една година го изговорија судбоносното „да“ во црквата „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во селото Брестач.
фото: printscreen/instgaram