Во Севиља се е во знакот на славење. Свекорот на Анастасија Ражнатовиќ го слави својот 56-ти роденден.
Анастасија во оваа прилика му се обрати на свекорот и со заедничка фотографија му го честиташе роденденот.
– Среќен роденден на најдобриот свекор – напиша таа и уште еднаш нагласи дека односите во семејството Гудељ никогаш не биле подобри.
Се чини дека Небојша од се срце беше на нивна страна низ сите фази на врската на Анастасија и Немања и зазема посебно место во срцето на Анастасија.
– Имањето и одржувањето семејство е најскапоцениот успех. Секогаш треба да се бориш за семејството, и за бракот, а за да го одржиш треба да си силен, да имаш голема душа, чист ум и срце верно. Семејството е свето, а бракот е света заедница на двајца луѓе – велеше свекорот на Анастасија Ражнатовиќ, давајќи пример за неа и нејзиниот сопруг.
фото: printscreen/instagrtam