Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ повеќе од две децении е во брак со Милан Дапчевиќ, со кој го има 14-годишниот син Вук.
Таа во една прилика пред јавноста го сподели своето искуство за слабеењето по породувањето.
Како што тогаш призна за медиумите, пејачката пред породувањето имала 115 килограми, а потоа одлучила да направи нешто околу тоа.
View this post on Instagram
Резултатот кај Тијана бил одличен со 45 килограми помалку, но најважно слабеела постепено.
– На тој чекор се решив кога сфатив дека повеќе не се чувствувам добро во своја кожа, и дека не можам да се вклопам во одредени парчиња облека. Сакав да инвестирам во моето здравје и со бавни чекори со урамнотежена исхрана и малку физичка активност, за помалку од четири месеци успеав да ослабам 15 килограми – изјави еднаш Тијана за „Убавина и Здравје“.
Како што откри тогаш, за појадок јаде овесна каша со чиа и црвено овошје, за ручек најмногу јаде мисирка со зеленчук, а за вечера риба со салата.
– Мојата исхрана се базира на балансирани оброци. Јадам грст зеленчук и овошје, малку месо, риба секако јадам два пати неделно – никогаш не сум гладна затоа што јадам буквално се освен одредени намирници кои ме мачат. Го исфрлив тестото од исхраната и сега си правам леб од интегрално брашно. Не јадам слатки, а од млечни производи консумирам само младо сирење – изјави пејачката во таа прилика.
Тијана сега нема проблем со килограмите, затоа и не го „крши“ режимот на исхраната па лесно и е да ја одржи линијата.
фото: Print Screen/Instagram/tijana.dapcevic