Љубов и секс

Kои жени се добри во кревет? Мажите брутално искрени, 3 работи најмногу ги палат

Kои жени се добри во кревет? Мажите брутално искрени, 3 работи најмногу ги палат

Кои жени можат да се пофалат со титулата добри љубовнички? Мажите проговорија и ги открија 3-те квалитети кои им се потребни за да кажат дека нивните партнерки се добри во кревет.

Дали некој е добар љубовник, повеќето ќе ви кажат дека се зависи од партнерот со кој го делат креветот. Она што за еден човек е страсно и неповторливо, за друг може да биде одбивно. Сепак, не може да се негира дека искуството игра важна улога кога станува збор за тоа дали некој е добар љубовник.

Ако се прашувате како мажите проценуваат дали жената е добра во кревет, подгответе се да се изненадите. Неколку мажи отворено проговорија на форум за тоа што им се допаѓа, а што не кај партнерките и кои жени се добри во кревет, кои квалитети треба да ги покажат…

Ентузијазам
„Ентузијазмот е клучот. Жена која е авантуристички настроена и подготвена да ја истражува својата сексуалност, која може отворено да зборува за желбите и фантазиите… Ова создава атмосфера што ќе ги охрабри и двајцата партнери да споделат и да пробаат сè, дури и работите што се сметаат за срамни, но клучниот елемент е ентузијазмот“, откри еден човек.

Хемија
За мажот, хемијата е пресудна за да ја нарече својата партнерка добра љубовничка.

„Најмногу се работи за хемијата што ја има со мене. Најдобриот секс го имав со жени кои најмногу сакаа да имаат односи со мене и кои отворено кажаа дека чувствуваат хемија“, додал друг маж.

Желба
„Мажите, исто како и жените, сакаат да бидат посакувани. Кога жената ќе ми шепне на уво, ќе ми каже колку ме сака, колку мисли дека сум секси, а потоа ќе ми го покаже сето тоа, тоа ме тера да се трудам повеќе“, објаснил еден маж.

фото:Freepik
извор: supermen.tocka

To top