Радио Милева богатство во хектари

Гога Секулиќ проговори за наследството, а овие детали досега беа непознати: „Доби стан во Дубаи од тато“ (фото)

Гога Секулиќ проговори за наследството, а овие детали досега беа непознати: „Доби стан во Дубаи од тато“ (фото)

Неодамна Гога Секулиќ отворено проговори за тоа дека нејзиниот син доцни во развојот и поради тоа веднаш штом го забележала од странство дошла во Србија за да побара помош од најдобрите.

Таа е во добри односи со Урош со кој го доби наследникот Василиј, а неодамна откри дека нејзиниот син веќе добил стан во Дубаи на подарок.

– Сега ексклузивно ќе кажам, можеби ќе се налути тато. Тој доби стан во Дубаи од неговиот татко. Татко му доаѓа од Цирих за роденден. Најважно ми е што и двајцата родители  ќе бидат присутни. Децата треба да бидат почитувани и сакани колку што е можно повеќе. Гога верува дека двајцата родители учествуваат во воспитувањето на детето и открива каков однос има со поранешниот сопруг.

– Имаме добри односи, многу фер. Би сакала така да остане – заклучила Гога, а во една прилика проговорила и за недвижностите.

– Бидејќи пејачите се фалат дека имаат многу недвижен имот, ќе кажам сама, имам два стана и автомобил. Стан во Врачар вреди 300.000 евра. На него уредно го платив данокот, низ насмевка изјави Гога во емисијата „Премиера Wicked Special“.

Покрај тоа, пејачката и сопствената сестра исто така наследија големо богатство во Црна Гора.

– Сестра ми доби куќа покрај море, а јас на планина во Мојковац – изјави Гога во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“ и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulić (@sekulicgoga)

– Не е планина буквално, повеќе како рид, но не смеам да кажам колку е. Има многу хектари (се смее).

А на прашањето што планира да прави со толку земја, Секулиќева одговара:

– Па, мислев на рафтинг. Мислам дека во иднина, кога некој ќе се пензионира, мора нешто да се направи, ќе пеам од ридовите – се пошегува таа.

фото:Printscreen/ TV Pink/ sekulicgoga

To top