Радио Милева не се заљубувајте одма...

Пејачката со шокантна видео објава: Сузана Гавазова со трансвестит во бањата?! (ВИДЕО)

Пејачката со шокантна видео објава: Сузана Гавазова со трансвестит во бањата?! (ВИДЕО)

Македонската фолкерка Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните, ама и најубавите, најзгодните и најсексапилни пејачки не само кај нас, туку на изгледот можат да и позавидат и многу колешки од соседството.

Иако ваквите убавици се сон на многу мажи, за нивна жал, Сузето оддамна е во брак и е посветена мајка на две дечиња. Нејзиниот сопруг Јасмин има удел во нејзината кариера, па оттаму јавноста оддамна добро го познава. Токму затоа шокот кој им го приреди на своите следбеници и обожаватели истите  „ги извади од папучи “, зашто, како поинаку да се доживее најновата видео објава на пејачката?!

Имено, Сузето на своите Инстаграм приказни објави кусо видео клипче, на кое млад маж со долга коса, уредна брада и лице со убави црти си прави селфи во купатило. И таман некои дами почна да ги стига возбуда од глетката, кога кадарот се спушти малку подолу, а таму првиот шок…

Брадат маж – да, ама со огромни гради… Налик на евровизискиот победник од пред неколку години, Кончита!

За да биде шокот уште поголем, односно двоен, како што кадарот се отвора, во огледалото зад брадатиот се појавува таа… Ликот на Сузана Гавазова!  Насмеан тој, насмеана таа!

И по шокот веднаш прашањето: „Што бара трансвеститот да се покажува во купатило заедно со Гавазова?“ Какви тоа сексуални афинитети има пејачката?

Дојдоа ли „модерните времиња“ и во Струмица или оваа „ЛГБТ глетка“ е  можеби снимена некаде во Шведска?

Но, за да нема дополнителни шокови, заблуди и недоразбирања, сите дилеми и недоумици веднаш ги расчисти самата Гавазова, откако откри дека се работи само за мала шега. За една Интернет апликација која го менува ликот или поточно полот, па од едно ве претвора во друго… Од жена во маж… Или во двете одеднаш!

Зато послушајте ја (пре)пораката на Гавазова, пред да донесета било каков заклучок или одлука: „Девојки, јас сум… не се заљубувајте одма“!

Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova

 
To top