Радио Милева снаодливиот штипјанец

Македонскиот пејач најде начин како да ги испочитува своите обожаватели: Јоце Панов пееше низ прозорец! (ВИДЕО)

Македонскиот пејач најде начин како да ги испочитува своите обожаватели: Јоце Панов пееше низ прозорец! (ВИДЕО)

Јоце Панов, еден од нашите најпознати изведувачи, кој секој викенд ги полни клубовите низ нашата земја, летото го помина работно. По неговото враќање од Малта каде беше единствениот македонски пејач кој  ги полнеше клубовите на барање на публиката, продолжи со настапите и низ нашата земја.

Покрај работните обврски во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ со почетокот на новата учебна година, каде работи како професор по музичка уметност, тој интензивно работи и на две нови песни за кои вели дека е веќе влезен во студио и наскоро ќе бидат објавени. Овој пат се работи за нешто во сосема поинаков стил.


Викендов Јоце одново настапуваше во еден познат локал во Охрид, каде се бараше место повеќе. Поради преголемиот интерес голем дел од обожавателите останаа надвор од локалот. Но, овој наш македонски пејач најде начин како да им посвети внимание и на оние свои фанови кои не стигнаа да влезат и да бидат блиску до својот омилен пејач.

И додека присутните внатре во еден глас  ги пееја со него познатите хитови, и оние што останаа надвор уживаа во гласот на еден од најдобрите македонски вокали кој најде начин како да им биде близу. Едноставно Јоце и пееше преку  оторениот прозорец.
Како сето тоа изгледаше погледнете во видеото во продолжение:

Фото: Инстаграм/jocepanov

To top