Најпопуларната локална пејачка Северина Вучковиќ објави серија фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а на првата е со нејзината сакана мајка Ана.
Покрај неа, на друга фотографија објави и прегратка со синот Александар, а на останатите како добро се забавува со пријателите и колегите.
– Лето II. дел. Мама и моите … – напиша популарната Севе, како што милува да ја нарекуваат, и под објавата собра повеќе од 13 илјади ознаки „лајк“.
Имено, нејзината мајка Ана никогаш не сакала да се експонира пред медиумите, но тука и таму се појавува на фотографиите на нејзината ќерка и важните семејни настани. Сите се сеќаваме на прославата на јубилејниот 50-ти роденден на Северина, која се одржа пред минатата година, таму беа и госпоѓата Ана и нејзиниот син Александар. Мајката на Северина тогаш имавме можност да ја видиме во многу елегантно издание, а таа позираше со својата ќерка во фустан од Матија Вуица, а пејачката објави заеднички фотографии на Инстаграм.
Г-ѓа Ана има 85 години, а многумина коментираа колку таа изгледа младо и префинето. Северина и нејзините сестри на рана возраст го загубија својот татко Севера Вучковиќ, а нивната мајка Ана во една прилика изјави дека токму пејачката го наследила нејзиниот карактер и изглед.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Северина на почетокот на септември замина на краток одмор и се огласи на социјалните мрежи. На Инстаграм објави фотографија на која позира насмеана, а вниманието го украде со моден додаток – обетка со бисер. „Девојката со бисерна обетка“, нагласи таа во описот, осврнувајќи се на истоименото добро познато дело на холандскиот сликар Јоханес Вермер.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram