На Сузана Гавазова годишното време за одмор не и е воопшто важно. Дали е делник или празник, обичен или продолжен викенд, за неа секој слободен термин кога нема тезга и е можност да замине некаде на одмор. Или барем на неколкудневен излет на различни локации. Без оглед дали се тоа некои далечни егзотични дестинации или познатите летувалишта во соседството, дали е Турција, Тајланд, Дубаи… сеедно.
View this post on Instagram
Важно е да е некаде покрај вода и да може да ужива во природните убавини со кои таму е опкружена. Конечно, тука е нејзината нова вила во Дојран, во која е дома, а сепак е крај езеро, а и „на чекор“ од морето во соседството.
View this post on Instagram
Ужива Гавазова, ама уживаат и оние среќници што случајно ќе се затечат околу неа… И тоа во нејзините природни убавини, зашто како што е од Бога телесно надарена Гавазове , не е ниту една друга македонска фолкерка. Она нешто ситно, што недостигало како дар од мајката природа, го надградила естатската хирургија, за денес струмичката фолкерка да изгледа како ракета.
Тело – вретено, долги нозе, раскошни облини, извајана одзади, однапред со бујни гради, сексапилот со кој зрачи пејачката ја прави неодоливо заводлива и неподносливо возбудлива уште на прв поглед.
Уште кога ќе се соблече во мини бикини на плажа, на балконот од собата или хотеласката тераса, па со својот манекенски „cat walk“ ќе почне да шета како по модна писта додека се снима шппартајќи по својата траса, не можете да не ја забележите… Всушност, од неа не ќе можете погледот да го одделите… Зашто онака расна и телесно раскошна, додека се слика и страсно се увива, ниша со колковите и меша, а се’ на неа се лула и бранува, вам никој не ви забранува погледот да ви се лепи за неа!
View this post on Instagram
Затоа сите нејзини машки, а и некои од „оние“ женски обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, како мали деца пред излог на слаткарница и се израдуваа на нејзината провокативна видео објава… „Жежок микс“ од разни бикини пози и ситуации, снимени на различни локации и дестинации кои ова лето Гавазова ги посетила, спакувани во возбудливо клипче, како рај за сите сетила!
View this post on Instagram
Жежок видеомикс по танга бикини во кој расната фолкерка од себе го покажа најдоброто, ама и најболното…!
Имено, во најновата видеообјава Сузана Гавазова покажа уште една друга работа… Колку летното задоволство може да биде болно. Август е обичноо месец кога медузите се размножуваат, па на поедини места во топлите морски води ги има во изобилство, а едно такво болно искуство доживеала и пејачката, откако ја „каснала медуза“. Или поточно добро ја „испржила“, па последицата од „блиската средба“ со медузата е и тоа како видлива. Големи плускавци од жешките пипци, налик на големи лузни по раката и рамото кои фолкерката ги покажа. Како „сувенир“ од ова лето, кое Гавазова долго ќе го памти!
Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova