Иако не настапува често на приватни прослави, Здравко Чолиќ неколкупати направи исклучок, па пееше на свадбата на Валентина Лопичиќ и Костадин Терзиќ. Пееше и на свадбата на Драгана Џајиќ, ќерката на легендарниот Драган Џајиќ, како и на Милош Ивановиќ, братот на Ана Ивановиќ.
Меѓутоа, ако неговиот распоред се поклопи со слободното време, музичката легенда може да пее на приватна прослава, но во таа прилика мора да се има длабок џеб.
View this post on Instagram
Имено, за неговиот 45-минутен настап се потребни 45.000 евра, што значи дека за секоја минута од мини-концертот заработил по 1.000 евра. Секако, пејачот има посебни услови за да може дури и да настапи на приватна прослава. Тој бара бината да се подигне од подот за гостите да не му се доближат премногу додека пее, да нема нарачка на песни и фотографирање со гостите.
Кога го знаете ова, не е чудно што Здравко е еден од најбогатите пејачи на Балканот и ако му се верува на порталот „Celebrity Net Worth“ неговото богатство се проценува на 20 милиони евра.
фото: printscreen/instgaram/doktor_pozitiva