Радио Милева „за да не летаат пердуви“

Тешко на организаторите: Анџелина Џоли имала строги барања пред да се појави на истиот црвен килим каде што ќе зачекори и Бред Пит (фото)

Тешко на организаторите: Анџелина Џоли имала строги барања пред да се појави на истиот црвен килим каде што ќе зачекори и Бред Пит (фото)

ред Пит и Анџелина Џоли би требало да избегнат каква било средба додека ги промовираат своите филмови на овогодишниот филмски фестивал во Венеција, бидејќи организаторите се погрижиле да ги разделат поранешните сопружници за да се спречат какви било непријатности, пренесува „Page Six“.

„Анџелина Џоли ќе биде на филмскиот фестивал во Венеција првиот ден, во четврток на 29-ти август, а веднаш потоа ќе оди со режисерот на филмот „Maria“, Пабло Лараин на филмскиот фестивал Телурид во Колорадо. А Бред Пит во сабота ќе пристигне во Венеција. Нема шанси нивните патишта да се вкрстат…“, изјави уметничкиот директор Алберто Барбера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

Џоли пред два дена допатува во Италија за премиерно да го прикаже својот филм „Maria“ кој зборува за оперската пејачка Марија Калас. Од друга страна, Бред ќе го претстави својот филм, во кој глуми и Џорџ Клуни, „Wolfs“. Некои странски медиуми објавија дека Анџелина била кратка и јасна за тоа дека никако не сака да го види Бред, а за да не „летаат пердуви“ ѝ било ветено дека тоа сигурно нема да се случи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

За потсетување, бракот на славната двојка почна да се распаѓа кога Анџелина поднесе барање за развод во 2016 година, а битката и понатаму трае околу поделбата на имотот и старателството над децата. Сепак, огорченоста не е присутна само меѓу поранешната двојка – нивните деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен не се во контакт со Пит, а некои од нив дури и се откажаа од презимето на нивниот татко.

извор:Instagram printscreen/ bradpittofflcial/angelinajolie

To top