Ријалити учесниците Мима Шарац и некогашната „Ѕвезда на Гранд“ , пејачот Никола Грујиќ Груја се појавиле пред „Пинк“ за да потпишат дговор за влез во новата ријалити сезона, па проговорија за медиумите.
Груја и Мима зборуваат за нивната врска, а до неодамна оженетиот задругар призна дека често има судири со партнерката.
„Се расправаме, но успеваме да преживееме. Ја запросив, но таа го фрли прстенот“ – изјавил Груја.
– Не беше добар – додала Мима низ смеа.
-Повторно ќе ја верам ако тоа го заслужи. А, можеби овој пат ќе мора таа мене – рекол Груја.
Ријалити љубовниците зборувале и на тема љубомора, а Груја признал дека имале и физичка пресметка.
– Бев страшно љубоморна кога го напуштивме реалното шоу ипочнав да го придружувам на настапите – рекла Мима, а Груја продолжил.
– На еден настап ме претепаа затоа што и се јавив и контактирав со една пријателка – изјавил „задругарот“.
Фото: Инстаграм/nikola.grujic.gruja