Водителката на утринскта програма на ТВ Сител, „Ја сакам Македонија“ колку што ја сака работата и ужива во неа, го сака и уживањето и тоа со оние што и се работно опкружување.
Јована најпрвин истера убав „семеен одмор“, ако така може да се каже иако официјално не е мажена, каде ги покажа сите свои водени вештини.
Од врвна пливачка, небаре подготвена за освојување на медал на олимпијада, до вешта веслачка на гумениот кану, популарно наречениот СУП.
Лежењето на душек и во вода и на суво не го броиме, зашто влегува во олимписки дисциплини, освен ако… не се организира „Црногорска олимпијада“!
Одморот помина, ама не и летото, топлото време и секако, продолжените викенди, од кои еден по еден се уште се реди… Па дури и да не е продолжен, викендот е неодложен за уште една средба со големата вода, секако во добро друштво. Овој пат, семејно – колегијално!
Имено, можеби малкумина знаат дека Јована покрај она по што е општо позната, е еден и од акционерите во можеби единствениот печатен магазин за убавина и здрав живот, кој токму го носи и тоа име: „Убавина и здравје“ кој како и неговиот издавач е еден од ретките печатени медиуми кој успеа да опстои на македонскиот пазар и тоа цели 16 години досега, а веројатно и уште долго отсега.
Кога работниот успех е несомнен, тогаш нема причина покрај работата со колегите и ортаците да нема и добра дружба. Таква токму овој пат Јована заедно со својата сестра која исто така е дел од тимот, имаше и со директорот, сопственик и новинар Александар Наков кој беше со семејството.
Од споделеното на Инстаграм, очигледно е дека згодната Јована изгледа „здраво и убаво“ додека позира како верверица меѓу зелените борови иглички на карпестата плажа.
И секако, ведра, насмеана, расположена, зашто во вакво друштво не би можело ни да биде поинаку.
Од пловилата, овој пат најексплоатиран големиот розов фламинго на дување… кој издржа да не потоне!
Забавата во вода го обележа денот, а копненото колективно селфи од жабја перспектива, моментите за спомени за долго сеќавање!
Јована Стојменовиќ уште еднаш покажа дека знае и умее како да го спои убавото и корисното.
Водителката од „семеен одмор“ продолжи на „тим билдинг“ викенд, само што овој пат тимот со позитивна енергија во добро расположение со искрено дружење и летна забава ги билдаше и тело и духот… За да бидат убави и здрави!
Фото: Инстаграм/jovana_na_na_na