Новата сезона на реалното шоу „Елита 8“ започнува на 7 септември, а имињата на учесниците полека се откриваат.
Меѓу познатите учесници во реалити ќе има и нови имиња, а едно посебно привлече внимание.
Во прашање е синот на пејачката Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја, Јован Пејиќ. Како што пренесуваат медиумите, Јован се договорил за добра цифра и едвај чека да влезе во величествениот имот во Шимановци, иако пејачката не е баш најсреќна поради неговата одлука.
Младиот Пејиќ сега на својот Инстаграм покажа како се подготвува за реалното шоу. Имено, тој сподели слика од теретана и се пофали дека напорно тренира.
Нема дилема дека Јован во полна форма ќе влезе во „Елит 8“, а како ќе се снајде во најгледаниот формат на овие простори, останува да видиме.
Фото: Print Screen/ Instagram