Радио Милева бунтовно

Мики Секуловски направи трајна и ултра впечатлива промена на себе која се забележува од прва (фото)

Мики Секуловски направи трајна и ултра впечатлива промена на себе која се забележува од прва (фото)

Ѕвездата на Гранд Мики Секуловски уште откако се избори за второто место од последната сезона на регионалното шоу, за него нема пауза.

Миленикот на Цеца Ражнатовиќ е турбо активен со настапи низ земјава, па секаде каде што може и има прилика да се договори, Мики е качен на сцена пред својата публика.

Скромен, мистичен и навидум повлечен, Мики на сцената е сосема спротивното, моќен и доминантен како и во сите свои претставувања на големата сцена на Гранд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Дека ја носи и бунтовноста во себе покажува и жанрот од музика кој милува да го изведува, односно рокот, а сега како дополнување на таа негова карактеристика е тоа што реши да се тетовира или да ја дополни постоечката тетоважа на левата рака.

Мики овојпат  се инспирираше од митологијата, а тетоважата илезе чиста перфекција од уметничко дело на неговата рака кое е видливо од прва.

За новината на себе се пофали на Инстаграм, а со оглед на изборот на местото и големината на тетоважата, јавно е дека овој негов препознатлив знак, тој сака да биде впечатлив и дека му значи.

фото:Instagram printscreen/ mikisekulovski

To top