Бананата е едно од најпопуларните овошја во светот. Содржи есенцијални хранливи материи кои се добра превенција и заштита за нашето тело. Бананите се богати со минералот калиум.
Калиумот помага во одржување на нивото на течности во телото и го регулира движењето на хранливите материи и отпадните производи во и надвор од клетките.
Тие се многу често консумирано овошје бидејќи се погодни да се јадат сирови, да се користат за разни шејкови или колачи. Сепак, бананите многу брзо ја губат свежината дури и кога се во фрижидер. За да не го фрлате овошјето, користете едноставен трик.
Готвачката Бренда Андерсон споделува начин како да се спречи ова појава. Потребно е овошјето да се стави во фрижидер, бидејќи така се исфрла од етиленската зона и најдобро се чува свежо.
„Мислев дека звучи малку лудо, но се обидов. Мојата пријателка ми рече да ги ставам бананите во кафена хартиена кеса за намирници, да ја затворам цврсто и да ја ставам во сад за печење и во фрижидер. Таа објасни дека кората би поцрнела, но бананите би имале добар вкус“, објасни Андерсон.
Инаку, погрешно е мислењето дека жолтото овошје не треба да се чува во фрижидер, а заблудата веројатно доаѓа од тоа што кората поцрнува поради ниската температура, што повеќето го сметаат за расипување на бананата. Меѓутоа, ако бананата се стави во фрижидер на врвот на зрелоста, тоа ќе го спречи понатамошното зреење. Овошјето во внатрешноста на кожата ќе остане свежо и добро за јадење со недели.
„После две и пол недели во сад за печење во фрижидер, ги извадив бананите за да ги пробам. Многу сакав да го пробам овој метод“, заклучила Андерсон.
фото:freepik