Радио Милева есенцијално

Тијана Дапчевиќ најважната лекција ја научила од синот: Од она што го кажа ќе го ставите прстот на чело (видео)

Тијана Дапчевиќ најважната лекција ја научила од синот: Од она што го кажа ќе го ставите прстот на чело (видео)

15 годишниот наследник на Тијана Дапчевиќ е нејзиниот единец, нејзина гордот, нејзина најголема љубов. Комплетна копија на мама, од физички, па се до пресликаните музички гени кои покажа дека ги има откако покажа дека музиката е негова определба.

Тијана, сопругот Милан и синот Вук живеат на белградска адреса, но корените постојано влечат кон Македонија и Скопје каде не ретко се гости кај баба, дедо и тета Тамара.

Тијана периодов се почесто имаме прилика да ја гледаме на разни интервјуа во Србија, а едно меѓу поновите беше кај колешката Гоца Тржан на К1 телевиија каде меѓудругото зборуваше и за најважната животна лекција што ја научила од синот Вук и она што тој и го посочил кога имал само 10 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K1 Televizija (@k1televizija)

-Најважната лекција ми е мојот син, тој ме научи цврсто да стојам на нозе. Тој ме научи повеќе да се сакам себе. Тогаш имаше 10 години. Јас снимав серија во Скопје, почнав да работам и мјузикл и тој во моментот ми вели:„Па, добро мамо, што ти малку не се погледнеш себе и повеќе да се сакаш. Многу работиш мамо, ќе се распаднеш. Зошто не останеш малку дома, да се дружиме?“ Моето дете мене тоа ми го кажа! Дете од 10 години ми кажува дека треба да кренам рачна. Најважната лекција, сакај се себе и нека себе те сака тебе.Само нежно кон себе! – заклучува Тијана за она што треба да биде есенцијално за индивидуата.

фото: Instagram printscreen/ tijana.dapcevic

To top