Радио Милева некогаш и сега

Шокантна трансформација на Милица Дабовиќ: Тенки црни веѓи и коса, а на усните… (фото)

Шокантна трансформација на Милица Дабовиќ: Тенки црни веѓи и коса, а на усните… (фото)

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ денес ги продава своите провокативни слики и видеа на интернет страници за возрасни, а малкумина знаат како изгледала претходно.

Имено, Милица прилично го променила својот изглед од периодот кога првпат се појавила во јавноста, а сега се појави фотографија на која се гледа колку е голема нејзината трансформација.

Имено, на интернет почна да кружи фотографија на која Милица има кафена коса и изгледа сосема поинаку од денес, па поради оваа причина многумина не ја препознаа, а еден од коментарите гласеше: „Ниту  за 3 животи не би ја препознал  “.

Оваа фотографија предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, па додека едни го пофалија изгледот на познатата кошаркарка, други сметаат дека таа претерала со пластика.

Милица еднаш призна дека променила се што не и се допаѓа кај себе, а од друга страна морала да направи некои интервенции за кариерата.

Не сакам естетска хирургија, бидејќи во денешно време сите жени изгледаат исто

– Како млада секогаш  „пукав“ на сликите, бидејќи сакав поголеми усни и тоа го правев. Во текот на кариерата ми ги скршија забите и аркадата, а многу ме удираа во носот. Поради еден од тие удари, со лакт, морав да си ги извадам забите. Имав 17 години и се сеќавам дека дури и голтнав заби – изјави своевремено Милица и додаде:

– Лицето е најважно да се зачува и редовно одам на масажи и третмани за лице. Сакам и мезотерапија, а имам само ботокс на челото. Не сакам естетска хирургија, бидејќи во денешно време сите жени изгледаат исто. Кога ги гледам како ги прават големите усни и гради, не можам да издржам. Сè на телото треба да биде пропорционално и да се знае каде е границата. Мислам дека не се свесни дека се изобличени и дека не изгледа добро. Не е убаво ниту за мажите.

Фото: print screen/instagram/pravo_vip_lice

To top