Радио Милева возбуден

Синот на Анѓелка Прпиќ тргна по стапките на мајка си: Јакша доби главна улога во филм (фото)

Синот на Анѓелка Прпиќ тргна по стапките на мајка си:  Јакша доби главна улога во филм  (фото)

Синот на Анѓелка Прпиќ е ново актерско име на естрадата.

Дванаесетгодишниот Јакша Прпиќ од мајка си го наследил не само шармот, туку и талентот, па улогите рано почнале да се редат.

Одлично ја заврши задачата, па пристигна понуда за филмот „Баук“. Станува збор за антивоена драма, во која тој ја игра главната улога, заедно со актерските ѕвезди како Војин Ќетковиќ, Милош Биковиќ, Калина Ковачевиќ.

Филмот беше премиерно прикажан во рамките на 48. Фестивал за филмско сценарио на Летната сцена „Данило Бата Стојковиќ“ во Врњачка Бања, а синот на Анѓелка Прпиќ беше пречекан со голем аплауз.

– Улогата на Сава не е моја прва улога, но е мојата најголема улога досега. Среќен сум поради тоа и се чувствувам возбуден поради позитивните коментари – изјави Јакша Прпиќ за „Блиц“.

На прашањето каков совет добил од мајка си, синот на Анѓелка Прпиќ откри дека таа го научила како да ја надмине нервозата, а таа му рекла да ужива во тоа што го прави.

– Да не уживам, немаше да можам добро да ја завршам работата и да влезам во ликот што го снимам – рече слаткото дванаесетгодишно момче кое, може да се каже, си го најде својот животен повик.

Судејќи по реакцијата на Анѓелка Прпиќ, која со нескриена гордост ги сподели кадрите од премиерата на нејзиниот син, нема дилема дека се согласува со изборот на Јакша.

Фото: printscreen/instagram

To top