Џина Џиновиќ на својот Инстаграм профил секојдневно споделува провокативни фотографии во бикини или од тренинг, а сега на своите следбеници им го покажа и своето ново момче.
Имено, наследничката на Мелина и Харис Џиновиќ отпатува за Сен Тропе, од каде сподели многу кадри од ноќната и дневната забава, а како шлаг на тортата беше фотографијата на која атрактивната бринета разменува нежности со млад човек непознат за јавноста.
Џиновиќ во таа прилика облече сив фустан кој повеќе откриваше отколку што покрива, а судејќи по видеата, уживаше и во својот омилен пијалок – еспресо мартини.
Да потсетиме, веста за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ одекна како бомба и со месеци ги полнеше колумните во весниците.
Во таа прилика, пејачот изрече низа остри зборови на сметка на локалната дизајнерка, а во екот на нивната разделба, наследничката на познатиот пар сподели слики од патувањето на кое отишла со нејзиниот тогашен партнер.
фото: printskrin/instagram/djinadzinovic