Актерот Џон Стамос неколку години се бореше со алкохолизмот и отиде на рехабилитација откако беше уапсен поради возење во пијана состојба во 2015 година.
Сепак, неговиот терапевт најмногу му помогнал во сѐ…
Џон Стамос (60), ѕвездата на серијата „Фул Хаус“ долги години се бореше со зависноста од алкохол и откри за Page Six дека верува дека неговиот терапевт му го спасил животот.
– Без него не би бил тука – рекол и додал дека многу му помогнал да се отрезни.
Претходно, актерот зборуваше за тоа во своите мемоари, кои излегоа минатата година, како и за рехабилитацијата што ја започна откако во 2015 година беше уапсен поради возење под дејство на алкохол.
– Еден од првите пати кога отидов кај мојот терапевт, тој ми рече: „Знаеш, да не беше толку е*ено глупав, ќе сфатиш колку добро ти оди“.
А јас му реков: „Во право си“ – кажал низ смеа.
Терапијата му се допаднала, па му ја препорачал на својот колега од серијата „Full House“, Боб Сагет, кој исто така се борел со алкохолизмот.
– Боб ме полудуваше и му реков дека мора да оди на терапија ако сака да ми биде пријател. Така отиде кај мојот терапевт и тоа му помогна – додаде Стамос.
Актерот во втората сезона на серијата ‘UnPrisoned’ на платформата Hulu се појави во улога на терапевт, а како што тврди, инспирацијата ја црпел од сопственото искуство.
фото: printskrin/instagram