Пејачката Наташа Беквалац е позната по бројните хитови, но и по браковите и разводите кои често се пишуваа во медиумите.
Иако разделбата со некој кого го гледавме како животен сопатник секако не е пријатна, Наташа често се шегува на своја светка, а неколкупати изјавила дека не и паѓа на памет уште еднаш да стапне на „лудиот камен“.
Сепак, таа и понатаму постојано добива предлози за брак.
View this post on Instagram
Имено, пејачката синоќа настапи во еден клуб во Будва, а големо внимание привлече видео од настапот што го објави на социјалните мрежи.
Бројни фанови дојдоа да уживаат во одличната атмосфера, а еден од нив стигна до првиот ред и на пејачката и понуди ништо помалку од свршенички прстен!
Кога го видела, Наташа веднаш му пришла на обожавателот и отишла да го стави прстенот, но…
– Нема шанси – напиша пејачката во описот на видеото кое го објави на Инстаграм.
фото:Instagram printscreen/ bekvalceva