Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс, 90210“, почина на 53-годишна возраст, пишува „Пипл“.
„Со тешко срце ja потврдувам смртта на актерката Шенoн Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста. Посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, таа беше опкружена од нејзините најблиски, како и нејзиното куче, Боуви. Семејството се моли за приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, потврди нејзиниот публицист Лесли Слоун.
Доерти беше познатa по голем број улоги, вклучително и серијата „Волшебнички“. Таа стана позната кон крајот на 90-тите откако ја доби улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс, 90210“. Нејзиниот лик беше еден од најнезаборавните, а романсата што нејзиниот лик ја имаше со ликот на Дилан (Лук Пери) предизвика многу контроверзии во првите сезони од серијата. Серијата брзо стана огромен хит, а Шенон глумеше во 111 епизоди. Таа ја напушти серијата на крајот на четвртата сезона, а причината беше кавга со нејзините колеги.
Во 2008 година, Доерти се врати на повторно во хит серијата и глумеше во една сезона, а потоа глумеше во верзијата на серијата од 2019 година, „БХ90210“.
По напуштањето на „Беверли Хилс“, Доерти доби улога во серијата „Волшебниќки“, која беше за три сестри кои откриваат дека се вештерки и заедно мора да го победат злото. Таа ја имаше улогата на најстарата сестра на Пру Халивел. Шенен дури режираше три епизоди од серијата, а ја остави на крајот на третата сезона.
Нејзината кариера започна кога имала само 10 години, кога доби улога во серијата „Татко Марфи“. Една година подоцна, таа се појави во серијата „Мала куќа на преријата“. Потоа доби улога во „Нашата куќа“. Покрај сериите, Шенен глуми и во филмови како „Хедерс“, „Девојките само сакаат да се забавуваат“, „Малратс“ и други.
Во 2006 година, Шенен го режираше реалното шоу во кое им помагаше на луѓето кои сакаа да раскинат со своите партнери, но не знаеја како да го направат тоа.
На актерката во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка, а во 2017 година изјави дека е во ремисија. Меѓутоа, во 2019 година, ракот се врати и се прошири, а минатата година таа откри дека била подложена на зрачење за рак кој се проширил на нејзиниот мозок.
Неодамна, во една епизода од нејзиниот подкаст, таа откри како дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува додека таа се подготвувала за операција на тумор на мозокот.
„Отидов на операција рано наутро и отидов откако дознав дека мојот брак е всушност завршен, дека мојот сопруг имал афера две години“, изјавила Доерти.
Зад неа се два брака со Ешли Хамилтон и Рик Саломон, кои траеја по една година.
Фото: Инстаграм/shannon.doherty11