Едита Арадиновиќ се појави на промоцијата на албумот на Николија Јовановиќ во необично издание.
Имено, пејачката гордо се прошета со новата фризура, а потоа откри како ја добила.
– Дојдов овде од базенот. Она што го гледате е мојата природна коса. Бев во спа центар и директно сум од базенот овде. Немаше ни шампон ни маска, па само ја исушив косата. Мајка ми ми рече: „Носи ја таа кадрава коса, почнуваш да изгледаш како сите други“.
Арадиновиќ вели дека колегите не ја привлекуваат, а на прашањето дали Десингерица или Нучи се нејзин тип, таа рече:
– Мојот тип на маж не е ниту Десингерица, ниту Нучи. Тие се машки, но не и мој тип. Пред се, тие се мои колеги. Не се работи за физички изглед, мене ме привлекува однесувањето.
фото: printskrin/instagfram/editaaradinovic