Миа Борисављевиќ и нејзиниот сопруг Бојан Грујиќ заминаа на одмор, а одморот го минуваат крстарејќи со луксузна јахта.
Мајката на две мали девојчиња, кои неодамна наполни 40 години, покажа совршена линија во аутфитот за на море.
Не помалку згоден е и нејзиниот сопруг Бојан, кој без сомнение редовно вежба и се грижи за својот физички изглед. Брачната двојка позирала за романтична фото-разгледница од морето, а Миа во описот на сликата напишала:
– Не сакам работи кои немаат душа. Или гориш или не постоиш.
View this post on Instagram
Инаку, Миа Борисављевиќ неодамна за Exkluziv откри дека за успешно да се носи со сите животни предизвици, покрај теретана посетува и енергетски сесии.
– На тие сесии можете да направите се, од визуелизација, прочистување, отворање и затворање на чакрите до дотерување на органите на одредени фреквенции и зборување. Може и без зборување, бидејќи тоа е енергетска терапија.
На почетокот на јуни таа го прослави својот јубилеен роденден, но немаше голема забава.
View this post on Instagram
– Се изморив од големите прослави, особено што детските родендени сега почнаа да се слават како свадби и крштевки. За мене е празник кога не славам роденден – искрено признала Миа, на која најважни „гости“ на роденденот и биле ќерките Ема и Теа.
фото:Instagram printscreen/ miaborisavljevic