Живот и стил

Знаеме за здравствените придобивки од рибата, но што е со конзервираната туна? Дали оваа намирница е штетна за нашето здравје?

Знаеме за здравствените придобивки од рибата, но што е со конзервираната туна? Дали оваа намирница е штетна за нашето здравје?

Рибата е полна со корисни витамини и хранливи материи, но дали конзервираната туна е здрава или е премногу ризична за јадење?

„Конзервираната туна е хранлив, посен извор на посни протеини и омега-3 масни киселини. Богата е со витамини и минерали, а можете да ја користите во салати, сендвичи, јадења со тестенини и разни други оброци, што ја прави практична и здрава храна“, вели д-р Лиза Јанг за Eat This, Not That!.

Конзервираната туна е богата со протеини и содржи голем број на макронутриенти.

Во туната можете да најдете железо, селен, јод, ниацин (витамин Б3), фолна киселина (витамин Б9) и витамин Б12.

Една од главните предности на конзервирана туна е тоа што можете да го зголемите внесот на протеини на достапен и едноставен начин.

Туната исто така се смета за извор на целосни протеини, што значи дека ги содржи сите девет есенцијални амино киселини.

Како и многу други видови риби и морски плодови, конзервираната туна е богата со омега-3 масни киселини, а овој здрав тип на масти има долга листа на потенцијални придобивки.

Прво, студиите покажаа дека консумирањето омега-3 масни киселини во исхраната може да помогне при симптоми на депресија и општото расположение, како и да помогне во забавување на когнитивниот пад поврзан со стареењето.

Неодамнешните истражувања, исто така, заклучија дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во кардиоваскуларното здравје со намалување на холестеролот, намалување на згрутчувањето на крвта и намалување на воспалението.

Конзервираната туна е нискокалорична
Туната е одличен извор на протеини за луѓето кои внимаваат на нивниот внес на калории бидејќи има помалку калории од многу други животински извори на протеини.

На пример, порција стек од 85 грама содржи околу 230 калории, а порција пилешки батаци околу 200 калории. Една порција конзервирана туна содржи помалку од 100 калории, а содржи и 20 грама протеини.

Богата е со витамини и минерали
Конзервирана туна е полна со корисни витамини и минерали. На пример, туната содржи голем број на витамини од групата Б, како што се Б3 (ниацин), Б9 (фолати) и Б12.

Овие витамини можат да помогнат да се обезбеди енергија, да се метаболизираат протеините, да се формира ДНК и да се помогне во целокупната функција на мозокот.

Конзервираната туна е богата и со селен, минерал кој помага да се зголеми производството на бели крвни зрнца. Ова може да го подобри здравјето на срцето, имунитетот и мозокот.

Потенцијални несакани ефекти
Најголемиот проблем со конзервираната туна е зголемената количина на натриум.

Конзумирањето големи количини на натриум еднаш во некое време не треба да има премногу влијание врз вашето здравје, но постојаното консумирање натриум може да доведе до висок крвен притисок и кардиоваскуларни проблеми.

Препорачаната дневна доза е 2300 милиграми натриум, а ако консумирате премногу конзервирана туна, лесно можете да ја надминете дневната граница.

Конзервираната туна доаѓа во вода или масло, и додека мрсните сорти имаат посилен вкус и повлажна текстура, тие често може да содржат премногу маснотии за една порција.

Просечна конзерва туна содржи 10 грама маслиново масло, кое иако е здраво за срцето, може да придонесе за прекумерно внесување масти во еден ден.

Најважниот совет е умереноста. Експертите препорачуваат неделниот внес на конзервирана туна да не надминува две до три конзерви.

извор:точка.ком.мк

фото:Freepik

To top