Радио Милева „како од пушка“

Гога Секулиќ се огласи по шпекулациите дека е во врска со Харис Џиновиќ: „Татко имам дома, друг не ми треба“ (фото)

Гога Секулиќ се огласи по шпекулациите дека е во врска со Харис Џиновиќ: „Татко имам дома, друг не ми треба“ (фото)

Гога Секулиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кога коментираше бројни актуелни настани, а меѓу другото се осврна и на наводната афера со Харис Џиновиќ.

– Кој е твојот нов дечко? Харис? – ја праша Огњен, на што таа одговори како од топ.

– За да ја завршам таа тема, го почитувам човекот, неговата кариера. Го имам тато дома, не ми треба друг, немам дечко, имам многу додворувачи, кога ќе имам дечко ќе ти кажам – рекла Гога.

– Харис Џиновиќ и јас?! Може да ми биде татко, на возраст е на мојот татко. За да не се навреди човекот, ја почитувам неговата работа, човекот е џентлмен. Можеби неговата поранешна сопруга претпочита постари мажи, но Гога се знае дека не. Сите знаат дека Гога Секулиќ сака помлади момци – изјави пејачката.

фото:Instagram printscreen/ sekulicgoga/ amigshow

To top