Радио Милева ангел на небото

Требаше да биде среќен, но денес е тажен ден: Игор Џамбазов не ја заборава Емче (фото) 

Требаше да биде среќен, но денес е тажен ден: Игор Џамбазов не ја заборава Емче (фото) 

Денес е еден од тажните денови за Игор Џамбазов иако тоа можеше да не биде така.

Се чини дека загубата  на неговото милениче мачката Емче, Игор многу го погоди.

Македонскиот шоумен минатата година (2023 ) во месец  септември објави дека неговата пријателка, миленичката Емче замина на небото, во прилог Игор објави  една фотографија која е доказ дека губењето на неговата пријателка му го скрши срцето, бидејќи беа неразделни.

Мачката  имаше и профил на Фејсбук како Емилија Џамбазова Бавчанска со кој често ги забавуваа следбениците.

Денес,  Игор се потсети и на нејзиниот роденден и од убавиот Дојран каде што му правеше друштво и честиташе со емотивни зборови.

– Емчето лепотичето… сега е ангел на небото   – напиша тој и додаде емотикон скршено срце.

Игор Џамбазов не ја заборава Емче, а неговата поранешна девојка Илина Арсова посака да биде како него посветувајќи дел од својата љубов на домашно милениче маче.

Па токму на денот кога Игор потсети за роденденот на Емче, таа сподели фотографија откривајќи дека решила да чува мачка:  „Кој би рекол дека еден ден и јас мачки ќе чувам  “, кажа во описот.

Веруваме дека чувствата ќе бидат исти, бидејќи празнината убаво е да се пополни.

фото: printskrin/instagram

 

To top