Мегафон во знак на благодарност

Андријана Петрушовска го „запали“ Драчево: „Гранд“ и дојдоа дома на гости, а на сцена Мики Секуловски и Александар Јосифовски (видео)

Андријана Петрушовска го „запали“ Драчево: „Гранд“ и дојдоа дома на гости, а на сцена Мики Секуловски и Александар Јосифовски (видео)

Третопласираната финалистка од најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, скопјанката Андријана Петрушовска со голем неколку часовен настап на отворено им се оддолжи на своите фанови и поддржувачи кои помогнаа таа да биде меѓу тројцата најдобри. Настанот се случи во скопската населба Драчево каде впрочем таа и живее, па пред своеите драчевчани приреди вечер за паметење.

– Добровечер Дрaчево, многу ми е драго што те гледам во толкав број. Ви благодарам што ме бодревте сето ова време и што го освоив третото место во финалето – рече на почетокот Андријана и како што најдобро знае и умее вечерта ја започна со „Јовано Јованке“.

Ова беше посебна вечер за неа, па како што изјави и претходно, таа веќе се чувствува како победничка и без трофеј, бидејќи публиката доволно и потврдува дека таа е нивната ѕвезда со која се гордеат.

На големата сцена Андријана беше придружувана од својот бенд, но и останати музичари инструменталисти кои автентично ги збогатија македонските патриотски песни кои Андријана ги отпеа.

Настанот кулминираше кога присутните ја слушнаа и беа понесени од изведбата на „Ја излези Ѓурѓо“, пееја во еден глас со ѕвездата на вечерта и приредија пиротехничко шоу.

За да биде уште повозбудливо, меѓу гостите на сцена се појави и Мики Секуловски, а исто и минатогодишниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски.

Петрушовска имаше гости на сцена, но и гости од Србија, односно новинарската екипа од „Гранд“ кои таа ги прошета низ Скопје, а тие дознаа и видоа многу повеќе за Андријана, спонтана и опуштена надвор од сцената.

Социјалните врежи вријат од објави од големиот ден кој Андријана, а сигурни сме дека таа денот ќе го памети исто толку силно како и финалето. Пораките до неа се дека ова и е силен поттик и доказ за тоа што треба да продолжи со засилено темпо од работење на својата понатамошшна кариера и со правилни избори и одлуки.

фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska

To top