Пејачката Едита Арадиновиќ со најновата објава на Инстаграм ги остави сите без зборови.
Имено, Едита работи напорно и настапува, а сега објави фотографија и покажа колку пари и останале на сметката.
Пејачката објави селфи од автомобилот, очите и беа полни со солзи, а после тоа го покажа салдото на сметката.
На сликата што ја прикачи пишува дека има 29.441 динари.
– Ништо не ми е – напишала Едита.
Едита Арадиновиќ неодамна откри дека никогаш не зажалила за пари кога е музиката во прашање.
– Отсекогаш сум трошела најмногу пари на музика и некако ми е прва и примарна љубов – изјавила Едита за „Супер ТВ“, а потоа додала дека не е од оние пејачки кои трошат многу пари на гардероба.
фото: printskrin/istagaram