Топлите јунски денови пејачката Јелена Томашевиќ ги искористи да замине на одмор во Грција.
Со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм сподели жешки фотографии на кои позира во минијатурно бикини и ги воодушеви сите.
Јелена се релаксирала во базенот, а покрај неа гледаме книга, како и голема, сламена капа.
– Летни вибрации – напиша во описот под фотографиите Томашевиќ, која не добиваме често прилика да ја видиме во ова издание.
Со Јелена на одмор заминаа и нејзиниот сопруг Иван и ќерката Нина.
фото: printskrin/instagram/jelenatomasevic_official