Радио Милева естетски „поддотерана“...

„Не можев да се оперирам до 21 година“: Емина Јаховиќ проговори за естетските корекции кои ги имала (фото)

„Не можев да се оперирам до 21 година“: Емина Јаховиќ проговори за естетските корекции кои ги имала (фото)

Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најубавите жени на  јавна сцена.

Таа пред да пее во групата „Моделс“ успешно се занимаваше со манекенство, а во медиумите многу се пишуваше за нејзиниот изглед, за кој  со години се шпекулира за сите естетски зафати кои ги имала Емина.

Затоа пејачката реши да се огласи  на социјалната мрежа Х, каде зборуваше за своите операции.

– Кога сме кај операциите, дојде време да ви кажам и да ги потврдам од прва рака сите работи поврзани со истите, а кои вие не ги знаете. Никогаш во животот не сум направила пластична операција, освен носот, кој првпат го скршив на 14 години. На 14 години не можев да направам операција, бидејќи коските на лицето сè уште се развиваа, па морав да чекам. Тоа го направив на 21 година – напиша тогаш Емина и негираше дека имала операција на усните.

– Моите усни се сосема природни и полни – додаде тогаш таа.

фото: printskrin/Instagram /YouTube

To top