Синоќа, Салата за настани на хотелот ГРАНД беше преполна за сите кои сакаа да бидат сведоци на вистински спектакл на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот – Лепа Брена!
На завршниот настан на Копаоник Music Week, со кој се затвора овогодинешната музичка сезона, Брена ја воодушеви публиката со својот бескраен шарм, ентузијазам и неверојатна енергија, докажувајќи зошто е неприкосновена прва дама на шоубизнисот во соседството.
Траките кои ја одбележаа деценијата, како „Удри Мујо“, „Мики, Миќо“, „Бато, Бато“, „Хајде да се волимо“ и многу други, ја кренаа публиката на нозе, но и поновите песни како „Болиш и не пролазиш“, „Пази коме завидиш“ не изостанаа од репертоарот на Брена, на задоволство на присутните.
Концертот беше најавен со уникатно колажно видео, со некои од најпрепознатливите песни и видеа од богатата кариера на Брена, а беше отворен со песната „Уѓи слободно“, со громогласни овации и аплаузи.
Публиката ја пееше секоја песна во еден глас, создавајќи уникатна атмосфера, а продукцијата на Скајмјузик и овојпат беше на висина на задачата, придонесувајќи за извонредно шоу за кое долго ќе се зборува.
Забавата траеше до доцна во ноќта, а вечерва во рамките на музичката недела на Копаоник не очекува уште еден спектакл за затворање на сезоната – концерт на Здравко Чолиќ, на истото место.