Пејачката Сузана Јовановиќ, вдовица на естрадниот маг Саша Поповиќ, откри дека една колешка од естрадата се обидела да ѝ го наруши бракот со Саша и дека дури поради тоа реагирала и полицијата.
„Дали луѓето се обидуваа да ја расипат вашата приказна?“, праша водителот Огњен.

„Се обидуваа. Ова никаде го немам раскажано, ова е ексклузива. Ми ѕвони телефонот и ми се јавува еден тип:
‘Здраво Сузана, ми должиш 2.500 марки. Кога беше со мене ти дадов 2.500 марки’. Јас ставив на спикерфон, кога си чист и знаеш дека ништо лошо не си направил во животот, реков: ‘Еве го мојот сопруг’. Сале го праша што му треба, а тој почна да пелтечи. Тоа беше подметнување. Не ме мрзеше, го скениравме бројот и поднесовме кривична пријава за вознемирување. Човекот зборуваше дека бил со мене и дека ми позајмил пари. Поднесовме кривична пријава, инспекторот ми рече дека го нашле, а јас реков дека не сакам да знам“, рече Сузана во емисијата кај Огњен Амиџиќ.

„Прашав дали има врска со естрадата и дали некој го ангажирал, а стануваше збор за моја колешка. Не го дознав името, но претпоставувам и нека остане Икс личност. Целта беше да се направи раздор и да испадне дека јас го изневерувам Сале, дека не сум добра жена, добра мајка и дека не сум жена за него. Целта беше бракот да заврши. Можеш ли да поверуваш? Јас само прашав дали е некој од естрадата, се работеше за колешка, а инспекторот рече дека не може да ми го каже името. Можеби еден ден ќе ми каже, но јас знам која е. Можеби тоа е некоја љубомора, Сале да биде сечиј, но само не мој. Повеќе би им годело да го разделат од мене, да тргне од девојка на девојка, а не да биде само со една жена. Тоа е она што јас го велам: ‘Не прави, па не се плаши’. Јас знам дека мојот сопруг не го изневерив ниту со мислите, а камоли со дела. Бред Пит да дојдеше ќе речев ‘Види, сладок е’, но со него никогаш не би отишла. Јас мојот сопруг го сакав, го сакам и ден-денес, со срце и душа. За мене бракот е светиња. Никој не постои, само Сале Поповиќ и никој друг“, раскажа Сузана.

Сузана Јовановиќ ја отвори душата кај Огњен за тешката загуба на сопругот. Таа цело време плачеше додека зборуваше за неговите последни денови.
„Првото утро кога осамна по неговото заминување и толку многу плачев. Јас 40 дена не излегував од дома и толку многу плачев. Се прашував како ќе фатам во свои раце сè што тој работеше и како ќе решавам. Јас не бев обична домаќинка како што многумина замислуваат и не седев дома да готвам ручек. Ги знаев сите први идеи на Сале и како ќе изгледаат, за сите формати однапред го знаев сценариото. Тој станува во три ноќе, става перница, а потоа вели дека има идеја за нова сезона, слепи аудиции, сè знаев. Тој ме прашува: ‘Суле, што мислиш како би реагирал народот и дали ќе им се допадне?’. Јас сум народно дете и знам како размислува народот, што би сакал да види и слушне, па велам што е добро, а што да промениме и така се надополнувавме. Сега би дала сè да можам да го оживеам, но тоа е невозможно“, говореше Сузана.
фото:Printscreen TV Pink






