Пејачката Емина Јаховиќ отворено зборуваше за болниот период низ кој поминувала по одлуката да се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал, со кого доби два сина.
Иако очекувала поддршка од најблиските, наишла на противење од семејството, а особено ја погодила реакцијата на нејзината мајка Сенија.
Емина откри дека нејзината мајка и сестрата Сабина не ја поддржувале одлуката за развод, со оглед на тоа што биле многу врзани за Мустафа. Пејачката призна дека во одредени моменти ѝ се чинело како мајка ѝ повеќе да го сака нејзиниот тогашен сопруг отколку неа.
– Мајка ми Сенија и сестра ми Сабина особено беа против тоа. Мама баш го сакаше Мустафа и фино се согласуваа. Во некои моменти ми се чинеше дека него го сака повеќе од мене – раскажа Емина.
Да потсетиме, Емина неодамна откри во каков однос е со поранешниот сопруг Мустафа.
– Па, разводот е најлесен на хартија. Мислам, тоа е некоја работа… И најлесен е во оној момент кога тоа ќе се случи. Никогаш не се покајав што се разведов, и тоа е голема работа. Бидејќи љубовта исчезна. Не можам да кажам дека исчезна почитта, но навистина љубовта исчезна и ние се разделивме како пријатели. Но животот носи некои различни ситуации, па некако ќе се вмешаат и некои други луѓе, некои други ситуации, и тогаш работите стануваат онака малку покомплицирани, па тој развод добива повторно некој облик каков што не си очекувал, да речеме – рече таа и додаде:
– Особено кога се во прашање децата. А тоа е она на што јас сум најчувствителна. Така што, фала му на Бога, сега сме добро. Сега сме… имаше такви моменти кога јас не бев баш во некоја комуникација со својот поранешен сопруг, а мене тоа навистина ми беше потребно – изјави тогаш таа за „Блиц“.
Инаку, Емина по разводот од Мустафа Сандал со него се видела само двапати.
– Се сретнавме двапати на родителска средба, но сега супер комуницираме околу децата и сега сè е во ред. Некои работи се вака, онака… – наведе пејачката.
фото:Instagram printscreen/yaemina






