Пејачката Мина Костиќ доживе необична модна незгода за време на снимањето на една емисија, кога ѝ пукна комбинезонот на задниот дел.
Сепак, наместо да се засрами или да се обиде да ја сокрие незгодата, Мина сè прифатила со насмевка, па дури и без двоумење им ја покажала на камерите дупката на облеката, пренесува „Србија шоу биз“.

Станува збор за атрактивен комбинезон од италијански бренд, кој, како што се наведува, спаѓа во поскапите модни парчиња. За оваа пригода Мина избрала впечатлива комбинација во бордо боја, која особено ја истакнала нејзината фигура.

Длабокото деколте, нагласениот струк и тесниот материјал биле во преден план, а посебно внимание привлекувал нејзиниот стајлинг. Изгледот го надополнила со црно сако, впечатлива шминка, темен кармин и големи обетки, додека долгата црна коса ја оставила слободно да паѓа.
Иако облеката ѝ задала главоболка, Мина не дозволила незгодата да ѝ го расипе расположението. Напротив, покажала дека знае да се пошегува на сопствена сметка и дека пред камерите ништо не може да ја вознемири.
View this post on Instagram
Instagram prntscreen/srbijashowbizz/minakostic_official





