Радио Милева каллива авантура

Дарко Лазиќ заглавил во калта: Пејачот се огласи на Инстаграм од шума

Дарко Лазиќ заглавил во калта: Пејачот се огласи на Инстаграм од шума

Дарко Лазиќ го искористи слободното време за возење квадови на планина со пријателите, но мирниот излет во природа набрзо се претворил во вистинска каллива авантура. Поради дождот и лошите временски услови, теренот бил исклучително лизгав и расквасен, па пејачот и неговото друштво завршиле во длабока кал, од која едвај успеале да се извлечат.

За случката се огласи на Инстаграм, каде што објави снимка која ги насмеа неговите следбеници.

На снимката се гледа Дарко целосно покриен со кал, со разбушавена коса, гумени чизми и облека извалкана од глава до пети, но и покрај тоа е во одлично расположение.

 

Иако не се вратиле чисти, од снимката може да се види дека необичната авантура не му ја расипала забавата. Следбениците имаа можност да го видат пејачот во многу поопуштено и адреналинско издание.

Instagram printscreen/darkolazicofficial

To top