Радио Милева среќа најголема

Славната актерка на 44 години го роди своето трето дете и ги охрабри жените дека возраста не е пречка за мајчинство (видео)

Славната актерка на 44 години го роди своето трето дете и ги охрабри жените дека возраста не е пречка за мајчинство (видео)

Холивудската актерка Ен Хатавеј стана мајка по трет пат. Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ доби дете со својот сопруг Адам Шулман, а среќната вест ја открија фотографии објавени од TMZ.

Хатавеј шеташе по улиците на Њујорк носејќи го бебето во раце, што беше и нејзино прво јавно појавување со новиот член на семејството. На фотографиите можете да видите и мала бордо-розова капа што се наѕира од ќебето во кое беше завиткано бебето.

Актерката и нејзиниот сопруг сè уште јавно не го објавија полот, името или датумот на раѓање на детето.

Ен Хатавеј и Адам Шулман се венчаа во септември 2012 година, а заедно веќе имаат два сина. Џонатан е роден во 2016 година, а Џек во 2019 година.

Во јуни, актерката ги изненади обожавателите кога објави видео на Инстаграм на кое за прв патго покажува својот труднички стомак. Заедно со објавата, таа напиша „Бебе, твоја сум“, а видеото беше придружено со истоимената песна на Барбара Луис од 1961 година.

За време на појавувањето во „Доцна навечер со Сет Мејерс“ во јули, Хатавеј призна дека бременоста била големо изненадување, иако таа и нејзиниот сопруг знаеле што сакаат.

„Неверојатно е. Знаевме што правиме, но бевме толку изненадени што сè испадна вака. Затоа го нарекуваме ова дете наша цел во последните секунди од играта“, рече актерката.

Хатавеј претходно отворено зборуваше за тешкотиите на патот до мајчинството. Во интервју за списанието Vanity Fair во 2024 година, таа откри дека пред речиси десет години доживеала спонтан абортус.

„Не успеа првиот пат. Навистина е тешко да посакуваш нешто толку многу, а потоа да се прашуваш дали правиш нешто погрешно“, рече таа тогаш.

Актерката има многу успешна година пред себе на филмскиот фронт, бидејќи публиката имаше можност да ја види во неколку продукции оваа година, вклучувајќи ги „Мајка Марија“, „Ѓаволот носи Прада 2“, „Одисеја“ и „Верити“.

Поврзани теми

фото:Instagram printscreen/annehathaway/verityfilm

To top