Радио Милева скапо каење

Емина Јаховиќ откри за која естетска интервенција се кае: „Изгледав катастрофално, морав да ја поправам грешката“

Емина Јаховиќ откри за која естетска интервенција се кае: „Изгледав катастрофално, морав да ја поправам грешката“

Емина Јаховиќ со години го привлекува вниманието на јавноста со својот изглед, а промените низ кои поминувала често биле тема на медиумски написи и коментари. Пејачката никогаш не криела дека се подложувала на естетски зафати, но отворено признала дека за една интервенција особено се кае.

Емина го оперирала носот кратко по објавувањето на својот прв албум. Таа го намалила носот, а открила и зошто се одлучила на операција.

„Во животот немам направено ниту една пластична операција, освен операцијата на носот, кој првпат го скршив на 14 години. На таа возраст не можев да се оперирам бидејќи коските на лицето сè уште се развиваа, па морав да почекам. Операцијата ја направив на 21 година“, објаснила таа во една прилика на социјалните мрежи.

Емина открила дека во еден период подлегнала и на трендот на зголемување на усните со хијалурон, кој тогаш бил исклучително популарен, но резултатот не бил онаков каков што очекувала.

„Усните ми се природни. Во еден момент отидов да ги зголемам, кога имаше голема популарност околу ставањето хијалурон во усните. Отидов и малку пробав, но изгледав катастрофално. Потоа отидов и го отстранив хијалуронот со хијалуронидаза – тоа се вбризгува и потоа сè исчезнува“, раскажала Емина во една прилика за Радио С1.

Да потсетиме, Емина Јаховиќ летово се пресели во луксузен стан во престижната населба Бејоглу, во близина на познатиот плоштад Таксим. За новиот стан од 100 квадратни метри, со прекрасен поглед на Босфор, пејачката издвоила дури еден милион евра.

Иако Емина е воодушевена од новиот дом, кој го уредила според сопствениот вкус, преселбата од мирната околина во центарот на градската врева ѝ донела и неочекувани предизвици. Додека во стариот стан, опкружен со шума и зеленило, имала целосен мир, во новата зграда се соочува со огромна бучава.

„Инаку, се селам на секои две години. Сакам да се селам. Тоа ми се допаѓа, а некако и судбината ми е таква – постојано да се селам. Сакам да ги менувам просторот и ентериерот во кој живеам, во зависност од моето расположение… Имам прекрасен поглед на Босфор и се чувствувам прекрасно кога ќе се разбудам наутро, но бучавата е неверојатна. Си помислив: ‘Што ми требаше ова, зошто сум тука?’… Велат дека и слухот се приспособува на тоа, па ќе видиме“, рекла таа за тамошните медиуми.

To top