Пејачката Тања Савиќ ужива на Малдивите во друштво на својот свршеник Мухамед Бешиќ, попознат како Муки, а дел од атмосферата од егзотичната дестинација ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Покрај уживањето во тиркизното море, белите плажи и луксузното сместување, Тања пронашла време и за една посебна активност. Пејачката ги зела четкичката и боите и на платно насликала портрет на своите синови.

Со фотографиите и снимките од создавањето на сликата се пофали на Инстаграм, а во објавата напишала:
„Малку се занимававме и со друга уметност додека бевме на Малдивите. Мајка ги наслика своите синови. Има ли нешто повредно од тоа? Нека бидат живи и здрави сите деца на овој свет, чувај ги и грижи се за нив, Боже“.
Нејзината објава го привлече вниманието на следбениците, а многумина особено ги трогна емотивната глетка на која Тања го слика портретот на своите синови.
Додека ужива со свршеникот во тропскиот рај, пејачката покажа дека, и покрај сите патувања и убави моменти, семејството и љубовта кон синовите сепак ѝ се на прво место.
Да потсетиме, Тања отворено проговори за борбата за потомство со својот 11 години помлад партнер Мухамед Муки Бешиќ. Таа откри дека не се откажува од желбата по третпат да стане мајка, поради што размислува и за вонтелесно оплодување, но и за посвојување дете.
Фолк-ѕвездата веќе пет години е во хармонична врска со Муки, а за да ја остварат заедничката желба и да го прошират семејството, подготвени се да побараат и стручна помош.
Тања не крие дека биолошкиот часовник ѝ отчукува, со оглед на тоа што има речиси 42 години, но истакнува дека нема да се откаже од борбата за потомство.
foto: printscreen/instagramtanjasavic





