Живот и стил

Кои банани се најдобри, а кои треба да се избегнуваат?

Кои банани се најдобри, а кои треба да се избегнуваат?

Во зависност од зрелоста, бананата различно влијае на телото.

Некои луѓе претпочитаат зрели, меки банани, додека други претпочитаат да јадат позелени.

Зрелите, малку зеленикави банани и презрелите со темни дамки имаат различни ефекти врз телото.

Нутриционист објаснува кои се најздравите за јадење.

Презрели банани со темни дамки

Колку бананата е потемна, односно колку повеќе темни дамки има, толку е побогата со витамините Б и Ц, содржи калиум и антиоксиданси. Полесно се вари. Целите кафени банани се преполни со антиоксиданси. Ваквите банани во основа се полни со шеќер кој е направен од скроб. Послатки се, поради што многумина ги користат при подготовка на колачи.

Зелени банани

Зеленикавите и поцврстите банани се богати со пробиотски бактерии кои се добри за здравјето на дебелото црево. Тие содржат помалку шеќер од целосно зрелите банани и повеќе скроб. Скробот е одговорен за подолго чувство на ситост. Истражувањата сугерираат дека недоволно зрелите банани се 80 до 90 проценти јаглехидрати, кои како што созреваат бананите се претвораат во слободни шеќери. Затоа е подобро луѓето кои страдаат од висок шеќер во крвта и дијабетес да јадат помалку зрели банани, вели британскиот нутриционист Ријанон Ламберт за „Дејли мејл“. Тој додава дека зелените банани содржат отпорен скроб кој луѓето не можат да го сварат и со кој се хранат бактериите. Како што бананата станува позрела, скробот се претвора во едноставен шеќер и полесно се вари.

Жолти банани

Зрелите банани се полесни за варење и подобра опција за луѓе кои имаат проблеми со запек, а сите видови се богати со калиум. Кога станува збор за консумацијата на бананите и влијанието врз здравјето, треба да внимаваат единствените луѓе кои имаат висок шеќер и дијабетес, вели нутриционистот.

фото:Freepik
извор:popara.mk

To top