Фолк-ѕвездата Тања Савиќ без задршка зборуваше за борбата за потомство со својот 11 години помлад избраник Мухамед Муки Бешиќ, со кого е во хармонична врска веќе пет години.
За да ја оствари таа желба, признава дека е подготвена да се подложи на вонтелесно оплодување, а отворено размислува и за посвојување.
– Многу луѓе ни пишуваат, има многу хејтери и злобни коментари. Тие мислат дека јас го држам Муки тука, го зафркавам и дека нема да му родам дете. Јас сакам да му родам дете на Муки, сите се борат за потомство, па и ние. Заедно сме пет години и нормално е да работиме на бебе, но веројатно ќе мора да се вклучи и помош од медицината и стручни лица. Постои вонтелесно оплодување, јас имам речиси 42 години и полека ми отчукува биолошкиот часовник. Ако заминам на планина и не ме гледате подолго време, да знаете дека работам на бебе – изјави пејачката и додаде:

– Не треба да се откажуваме, не сум ни прва, ни последна. Кога ги прашав децата дали би сакале мама да роди уште едно бебе со Муки, рекоа дека се веќе големи, а јас им кажав дека тоа е уште подобро бидејќи има кој да го чува. Тоа е добитна комбинација, би плачела од среќа. Зошто да не, би посвоиле и дете, многу сум емпатична и би им помогнала на сите – порача Тања во емисијата „Премиера – Викенд специјал“.
Таа истакна и дека Муки има феноменален однос со нејзините синови, на кои сега им годи машка енергија, но и дека нејзините родители во Смедерево го прифатиле како сопствено дете.
фото:Instagram printscreen/tanja_savic_private





