Радио Милева честитки се редат

Саша Ковачевиќ стана татко

Саша Ковачевиќ стана татко

Еден од најпопуларните регионални поп-пејачи, Саша Ковачевиќ, денес(16.Ноември) за првпат се оствари во најубавата животна улога – стана татко.

Неговата сопруга Зорана Тасовац се породи во приватна клиника и на свет донесе здраво момче, пренесуваат српските медиуми, вклучувајќи ги B92 и Telegraf. Породувањето поминало во најдобар ред, а и мајката и бебето се чувствуваат одлично.

Ова е прво биолошко дете за 41-годишниот пејач, додека Зорана веќе ја има ќерката Искра од претходниот брак, за која Саша секогаш истакнуваше дека ја сака како своја.

Поддршка при породувањето. Пред самото породување, Ковачевиќ јавно откри дека планира да присуствува на раѓањето на синот за да ѝ биде поддршка на сопругата и да ја почувствува магијата на татковството од првата секунда.

Името сè уште се чува во тајност. Парот претходно изјави дека имаат неколку опции за името на наследникот, но конечната одлука сè уште не е споделена со јавноста.

Радосната вест доаѓа само неколку месеци откако Саша и Зорана својата долгогодишна љубов ја крунисаа со интимна свадбена церемонија во кругот на најблиските.

фото:Instagram printscreen/sashakovacevic/dorotejatipsin_wedd

To top