Радио Милева од фолкерка во инструкторка

Од кафеана директно на полигонот: Ирена Спасовска се фати за воланот и рачната, ама не го батали микрофонот

Од кафеана директно на полигонот: Ирена Спасовска се фати за воланот и рачната, ама не го батали микрофонот

Фолк-пејачка Ирена Спасовска уште еднаш докажа дека зад естрадниот живот стои жена полна со енергија која не се плаши од работа и предизвици.

Иако јавноста со децении ја препознава по нејзините песни и неуморните настапи пред микрофонот, пејачката сега откри една сосема поинаква, а и досега непозната страна од нејзиното секојдневие.

На социјалните мрежи Ирена се пофали со својата дневна професија – таа работи како инструктор за возење за Б категорија!

-Освен пеењето како моја прва љубов , исто така си ја сакам и другата професија – инструктор по „Б“ категорија која ја работам веќе подолго време… пишува Ирена.

Додека навечер ја крева атмосферата на нозе со песна, преку ден пејачката трпеливо ги учи идните возачи на правилата во сообраќајот и им помага да се стекнат со возачка дозвола.

На една од објавените фотографии, таа позира насмеана и горда веднаш до еден од своите млади кандидати, потпрена на службеното возило на авто-школата, демонстрирајќи дека и во оваа улога зрачи со позитивна енергија пред обврските и тековните задачи.

Дека работата ѝ оди од рака и дека одлично се вклопува во тимот, покажа и втората фотографија на која Ирена ужива во кратка есенска пауза со своите две колешки на клупа, со чаша кафе в рака и возачкиот полигон во позадина.

Под овој симпатичен кадар, Спасовска досетливо напиша: „Заслужено кафе за три искусни инструкторки 46+“, уште еднаш покажувајќи го својот ведар дух и самодоверба. Со овој потег, Ирена пријатно ја изненади публиката и потврди дека вистинската ѕвезда блеска подеднакво силно и под рефлекторите, но и на совозачкото седиште.

А приход плус, секогаш добредојден, особено кога уживаш во она што го работиш!

фото:Facebook/Irena Spasovska

To top