Бакингемската палата потврди дека принцезата Кејт Мидлтон нема да се појави на парадата во средината на јуни и покрај многуте очекувања.
На парадата, позната како „Trooping the Colour“, ќе присуствуваат кралот Чарлс и кралицата Камила. Но, овој пат, наместо на коњ, кралот ќе биде во кочија, за што се верува дека е лекарска препорака поради неговата дијагноза рак.
Да потсетиме, Кејт во јануари заврши во болница, каде беше оперирана на абдоменот. Два месеци подоцна таа на социјалните мрежи објави дека боледува од рак. Таа не ги откри деталите за нејзината болест, а јавноста побара приватност за време на нејзиното закрепнување. Меѓутоа, во последно време Кејт се почесто се дружи и излегува од дома.
View this post on Instagram
„Дејли мејл“ истакнува дека принцезата од Велс е почесто видена со семејството надвор од домот во последните неколку недели, а работниците од палатата велат дека биле преплавени со десетици илјади писма во кои и посакувале добро на принцезата откако и била дијагностицирана смртоносната болест. За една недела на адресата на палатата пристигнуваат приближно илјада писма, а откако се дозна за нејзината дијагноза, нивниот број се зголеми десет пати.
Иако појавувањето на Кејт Мидлтон со семејството во јавноста многумина го сфатија како позитивен знак, Кенсингтонската палата нагласи дека и треба уште време и простор за да се опорави. Извор од Кенсингтонската палата исто така нагласи дека нејзиното појавување надвор не треба да се смета како нејзино враќање на работа по тешка операција.
View this post on Instagram
Како што е познато, Кејт се уште не се приклучила на своите службени обврски и јавни настапи, но добро е упатена во се и ги следи сите извештаи од дома.
“Голем број вработени треба да го знаат точниот распоред на настани неколку месеци однапред. Ми рекоа дека календарот на Кејт е целосно празен до крајот на годината. Воопшто ништо не е планирано. Според сите индикации, не очекувајте се појави во јавноста оваа година“, изјави изворот за Daily Beast.
фото:Instagram printscreen/ the_princess__of_wales