Младата музичка ѕвезда Анѓела Игњатовиќ Бресквица замина на романтичен одмор со момчето со кое пред неколку месеци започна љубовна врска.
Пејачката на социјалните мрежи објави фотографија на која е цврсто прегрната со својот партнер, потпрена на неговото рамо, додека тој носи бела маица. Неговото лице никогаш не се гледа на нејзините фотографии, а познато е дека станува збор за момчето со кое ужива во љубовта по раскинувањето со полицаецот Никола Станисављевиќ.

За време на вечерното излегување со избраникот, Анѓела позираше во атрактивен краток црн фустан и сандали со високи потпетици, седејќи на светлечка декорација во форма на полумесечина.

Во позадина се гледаа ноќната панорама на Дубаи и спектакуларно осветлената Бурџ Калифа, што на целата сцена ѝ даде посебна доза гламур.
Бресквица ги воодушеви следбениците со својот беспрекорен изглед и елегантниот накит, а од лицето не ја симнуваше загадочната насмевка. Нејзините објави од Обединетите Арапски Емирати за кратко време собраа десетици илјади допаѓања и бројни комплименти за нејзиниот изглед.

Очигледно е дека атрактивната бринета максимално го користи слободното време за да се одмори и да ужива во луксузот со саканата личност.

Инаку, Бресквица првпат јавно призна дека ужива во новата врска и дека е емотивно исполнета, но не сакаше да открива премногу детали.
„Знам само дека сум многу среќна, дека никогаш не сум била посреќна и дека никогаш не сум изгледала поубаво. Тој е заслужен за тоа“, изјавила пејачката.
Foto: printscreen/instagram/breskvica







