Пејачката Нада Топчагиќ во една пригода јавно откри интимен детаљ од својот живот, кога зборуваше за тоа на која возраст го имала своето прво сексуално искуство.
Нада пред неколку години гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што едно од прашањата беше на колку години ја изгубила невиноста.
Пејачката немаше проблем отворено да зборува на оваа тема, па откри дека првото љубовно искуство го имала на 20-годишна возраст.
Да потсетиме, Нада Топчагиќ поседува бројни недвижности во Србија, но и во Црна Гора. Иако издавањето ѝ носи значителни приходи, таа признава дека нивното одржување бара големи трошоци, но предизвикува и стрес.

„Порано имав мирна глава. Ниту имав трошоци, ниту размислував за плаќања. Имав свое мало станче и бев најсреќна. Ништо не ми недостасуваше. Вака, целиот живот нешто купуваш, па кога ќе купиш, мораш да го средиш, а кога ќе го средиш, мораш и да го одржуваш, а одржувањето чини. Таман ќе решиш еден проблем, веднаш се појавува друг и така во круг. Човек повеќе не може да ги поднесува сите тие трошоци.
Секако, фала му на Бога што Златко и јас можевме сето тоа да го купиме и да си го дозволиме, далеку од тоа дека се жалам, но, човеку, не можам да постигнам сè да обиколам и да подмирам. Ќе ги распродадaм сите недвижности, не можам повеќе да плаќам сметки и да работам толку напорно. Навистина! Не сакам веќе да ме боли глава од сето тоа“, изјавила пејачката, пренесува „Ало“.
Foto: print screen/Instagram/topcagicnada







